Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАЈ КИЕВ СЕ УРНА ХЕЛИКОПТЕР, ЗАГИНА И УКРАИНСКИ МИНИСТЕР - најмалку 16 жртви, меѓу кои и две деца

КАЈ КИЕВ СЕ УРНА ХЕЛИКОПТЕР, ЗАГИНА И УКРАИНСКИ МИНИСТЕР - најмалку 16 жртви, меѓу кои и две деца

Украински хеликоптер се урнал покрај градинка во градот Бровари, во близина на Киев.

Гувернерот на Киев извести дека на местото на несреќата има жртви, а децата во моментот на падот на хеликоптерот биле во градинката. Полицијата соопшти дека загинале најмалку 16 луѓе, меѓу кои и две деца.

Меѓу загинатите е и украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски, пренесе АФП.

Според информациите, во хеликоптерот биле неговиот заменик Јевген Џенин и државниот секретар. Според засега достапните информации, девет од 16 загинати биле во хеликоптерот.


Слично

Поврзани вести