Кафето поскапува поради рекордно топлиот јануари во Бразил
Најтоплиот јануари во историјата на Бразил , која е најголемиот производител на кафе во светот, доведе до сериозно зголемување на откупот на суровината поради стравувањата дека жегата и недостатокот на дожд ќе влијаат на жетвата на кафето и можат да доведат до недостаток , пишува CNBC .
Купувањето на суровината ја покачи цената на сортата Арабика , која се користи за изработка на еспресо, со над една петтина во последните пет дена, што е најголемо такво покачување од 2000 година . Вчера цената на кафето од сортата Арабика скокна со над 4 % до деветмесечниот врв.
Растот на цената доаѓа во момент кога апетитот за скапо кафе расте благодарение на новиот вид корисници на кафе. Според Андре Или , кој е на чело на италијанската група Illy , луѓето кои од неодамна пијат кафе, и оние кои редовно го консумираат овој пијалок , се повеќе се заинтересирани за квалитетот на утринското кафе .
„Има романтика во откривањето на тајните зад чашата со кафе " , вели тој.
Иако зголемувањето на цените е лоша вест за зависниците од кафето, тоа е добредојдено за многу производители, бидејќи во последно време цените беа паднати под производствените трошоци .
Откако цените беа потиснати во последните неколку години, сега кафето е меѓу најдобро претставените суровини од почетокот на годината, поскапувајќи за речиси 30%.
А.А.
Слично
