Кафето ќе исчезне!
За приносите на кафе климатските промени претставуваат сериозна закана, еден од омилените пијалоци ширум светот, имајќи предвид дека се предвидува исчезнување на одреден број на диви видови на кафе, пред истекот на овој век, пишува весникот „Лос Анџелес тајмс“. Проучувајќи ги областите во Етиопија, Судан и Кенија, во кои се одгледува кафе, научниците откриле мошне негативен тренд кога е во прашање идната дистрибуција на оригиналното кафе арабика поради забрзаното влијание на климатские промени. За кафети арабика се смета дека прв вид на кафе, кое почнало да се одгледува. Овој вид на кафе учествува со 70 проценти во вкупната продадена количина на кафе во светот. Меѓутоа исчезнувањето на дивите видови на кафе може на одгледувачите да им го отежне процесот на обновувањее на земјиштето по уништените посеви поради болести или наезда на штеточини. Сепак научниците, додава весникот, се надеваат дека би можеле да ги откријат специфичните гени, кои би можеле да ја издржат топлината и сушата.
