КАДИРОВ: Здравјето ми е добро, ситни поправки правам на секои три месеци
Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров повторно ги негираше тврдењата дека се соочува со сериозни здравствени проблеми, велејќи дека лекарите тврдат дека „има тело на млад човек“.
„Ако пеам, тоа значи дека сум жив. Здравјето ми е добро, ситни поправки правам на секои три месеци, а поголеми поправки на секои шест месеци. Лекарите тврдат дека имам тело на млад човек“, се пошегува Кадиров, пренесува „Политико“.
На почетокот на месецoв, Кадиров на руската државна телевизија изјави дека оди на лекарски прегледи на секои три месеци и дека единствениот проблем што го има е „благ недостиг на витамин Д“, притоа прикажувајќи и снимки како прави склекови. Откако почна руската инвазија на Украина, Кадиров е присутен во јавноста.
Слично
