Кадиров за Путин: Спремен е да ја заврши специјалната операција, но не и да го уништи украинскиот народ
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави информации за здравствената состојбата во која се наоѓа претседателот на Русија, Владимир Путин.
Вели дека приказните за Путин се измислица.
„Разговаравме неодамна и морам да ви кажам дека звучи добро. Гласот му е весел, но и наредбодавен. Спремен е да ја заврши специјалната операција, но не и да го уништи украинскиот народ и украинската држава. Сакам драгиот Алах на нашиот претседател да му даде долг живот, како и полно среќа и здравје. Сите оние што ги шират гласините, за вас имам мал совет. Престанете и затворете си ја устата“, посочи Кадиров.
Слично
