Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кадиров во Мариупол го однесе и едно од своите дванаесет деца

Кадиров во Мариупол го однесе и едно од своите дванаесет деца

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, заедно со себе во Украина го зел и својот 14-годишен син Адам.

На снимка објавена на социјалните мрежи може да се види Адам, синот на Рамзан, облечен во воена униформа за време на обиколката на болницата во градот Мариупол.

Тие го посетиле повредениот чеченски командант Руслан Геремеев, кој беше ранет при борбите за заземање на градот. Адам е едно од дванаесетте деца на Кадиров. 

Инаку, Кадиров изјави дека преговорите нема да донесат ништо добро. 

фото Принтскрин

Слично

Поврзани вести