Кадиров вели дека преговорите нема да донесат ништо добро
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров вели дека преговорите меѓу Русија и Украина нема да донесат ништо добро.
Тој им се заканува на нацистите.
„Мислам дека е потребно да го завршиме она што го почнавме: да ги уништиме нацистите и сатаните. А кога ќе го направиме тоа, треба да одлучиме што понатаму“, ја пренесува украинската „Некста“ изјавата на Кадиров.
Кадиров, објави дека пристигнал во Мариупол, каде што се сретнал со своите и со руските војници, кои напредуваат во градот.
Истовремено, Кадиров објави видео снимка од рускиот генерал, Андреј Мордвичев, за кого украинските власти тврдеа дека е загинат во бробите во Украина.
фото Принтскрин
Слично
