Кадиров тврди дека има „изненадување“ за украинските сили
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров најавува изненадување за украинските сили.
Toj на Твитер напиша дека борците на тимот „Ахмат“ подготвуваат „интересно изненадување“ за украинските сили.
Кадиров посочува дека сите акции на борците се прецизно планирани и истакна дека специјалната воена операција успешно се одвива во областа на одговорност на чеченските сили.
Кадиров изјави дека „сè уште нема да открие што подготвува тимот за денацификација на Украина на чело со султанот Рашаев за украинските милиции, бидејќи тоа ќе се знае наскоро“, пишува ТАСС.
Украинската армија продолжува да го гранатира Керсон. Харков и денеска без струја и вода.
Слично
