Кадиров се жали затоа што во Чешка му го украле коњот
Му го украдоа коњот на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој беше во штала во Чешка.
Кадиров вели дека коњот Зазу вреди најмалку 10 милиони долари. Коњот e киднапиран ноќта меѓу 3 и 4 март од штала во Крабчице. Kиднаперот извадил сигурносен синџир со карабина од лизгачката врата во шталата и го одвел коњот.
„Медиумите, според властите, ја објавија неговата цена од 18.000 долари. Сигурно ова вештачко потценување е поврзано со некаква финансиска измама одговорна за неговото одржување и грижа, само чистокрвниот Зазу чини најмалку 10 милиони долари“, вели Кадиров.
Тој се пожали на работата на обезбедувањето и полицијата во Чешка. Прашува како е можно некој да го украде коњот.
„Дали го држеле на некоја оддалечена фарма за да можат така лесно да го земат? Каде е обезбедувањето? Каде е храбрата полиција со демократски ефективни и напредни истражни техники“, напиша тој.
Кадиров го купил коњот во 2012 година од германска ергела. Коњот настапи на 36 трки, победи во девет и заработи повеќе од 1,2 милиони евра. Кадиров го нарече коњот „првата жртва на санкции“ во 2014 година. Тогаш Европската унија воведе санкции против Кадиров. Тој ја загуби можноста да располага со своите коњи, како и приходите од нивните можни победи на натпревари.Чеченскиот лидер деновиве го ожени својот син поради што градот Грозни беше блокиран.
