Кадиров се заканува со 40.000 чеченски борци кои се спремни да одат во Украина
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров тврди дека 40.000 негови борци се подготвени да заминат за Украина.
Тој вели дека илјадници млади луѓе од Чеченската Република ги следат акциите на нивните борци и секој од нив сака да стане волонтер.
„Добивам десетици барања и предлози од жителите на републиката со активен граѓански став. Одредите на доброволци од редовите на Чеченците се подготвени во секој момент да се приклучат на редовите на нашите борци“, напиша Кадиров.
Кадиров ја води Чеченија од 2007 година. Тој беше еден од најгласните поборници не само за војна против Киев, туку и за анексија на целата земја.
Чеченскиот муфтија Салах Межиев, пријател на рускиот претседател Владимир Путин и духовен водач на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, им издаде фатва на чеченските борци дека борбата на страната на Русија во Украина е џихад, пишува Дневник.ба.
