Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кадиров се заканува дека ќе одат во Киев да се пресметаат со своите непријатели

Кадиров се заканува дека ќе одат во Киев да се пресметаат со своите непријатели

Претседателот на Чеченија,  Рамзан Кадиров вели дека доколку е потребно ќе одат во Киев. Кажа дека сакаат да се пресметаат со нивните крвни непријатели. 

Kако негова следна задача го наведе уништувањето на останатите терористи кои избегаа од Чеченија во Украина. Кадиров вели дека сите чеченски борци интензивно се подготвуваат и го чекаат моментот кога ќе добијат соодветни инструкции.

„Оваа недела, како што знаете, целосно ја ослободивме целата територија на ЛНР од екстремистичките копилиња. Да, ова е несомнено историско и судбоносно достигнување за Луганск, но барем за нас, Чеченците, специјалната операција сѐ уште е далеку од завршена“, рече тој.

Кажа дека многупати најавувал голема награда за информации за милитантите. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина. Руската војска објави дека руски авион го нападнал Змискиот остров ноќеска, откако украинските војници тврделе дека го подигнале своето знаме на стратешката станица на Црното Море.

Слично

Поврзани вести