Кадиров потврди: „Исламска држава“ обезглавила Чеченец!
Терористите од „Исламска држава“ објавија дека убиле руски државјанин на територија надгледувана од нив во Сирија. Крвавата вест беше потврдена од претседателот на Чеченија, Рамзан Кадиров.
„Овој руски државјанин е Чеченец. Отсечена му е главата. Имаме потврда за овие факти“, изјавил Кадиров.
Според него егзекутираниот заробеник бил предаден: „Не верувам дека тој работел таму за некого. Чеченците го знаат тоа и паметат и нема да го остават тоа така“.
„Кој обезглавил наш човек, тој не треба да живее. Ние ќе го испратиме на оној свет и ќе му даден еднонасочен билет“, изјавил Кадиров.
Претходно по друштвените мрежи се појави видео на кое исламист обезглави маж облечен во портокалова облека . Официјална потврда за веродостојноста на снимката и егзекуцијата на рускиот државјанин досега сепак немаше.
