КАДИРОВ ПАК ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА УКРАИНЦИТЕ: Следен пат да размислите пред да ја нападнете Чеченија
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се заканува на Украина, откако денеска Украинците со дронови го нападнаа градот Грозни.
На Украинците им порача следен пат да размислат пред да ја нападнат Чеченија.
Кадиров изјави дека руските сили го нападнале градот Харков со проектил како одмазда за нападите со беспилотни летала врз Грозни, кои беа извршени денеска наутро. Воената управа на Харковската област (ОМА) потврди дека таков напад се случил.
Управата првично го пријави нападот во квартот Киев во Харков, но подоцна појасни дека проектилот удрил во земјата и ги искршил прозорците на блиската станбена зграда. Во нападот е повредена 48-годишна жена.
„Ги потсетувам претставниците на украинскиот Рајх: следниот пат кога ќе размислите за лансирање беспилотни летала против Чеченската Република, запомнете дека ќе извршиме насочени напади врз групи на украински воен персонал. Последиците од овие напади ќе бидат многу полоши, а ние имаат доволно податоци за постапување“, додаде Кадиров.Украинците извршија повеќе напади со дронови на Чеченија.
фото: EPA-EFE/ALEXEY NIKOLSKY
