Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кадиров открива каков совет му дал на Пригожин

Кадиров открива каков совет му дал на Пригожин

Го замолив да се откаже од личните амбиции, вели чеченскиот лидер Рамзан Кадиров за загинатиот водач на групата Вагнер, Евгениј Пригожин. 

Кадиров го опиша Пригожин како човек кој се разликува од другите по неговата брза реакција и упорноста. Вели дека помагал од срце. 

„Бевме пријатели долго време. Честопати моравме да ги решаваме најкомплицираните проблеми“, напиша Кадиров на својот канал „Телеграм“.

Кадиров кажа дека Пригожин е важна фигура на националната сцена, но додава и дека во последно време „или не ја видел или не сакал да ја види целосната слика за она што се случува во земјата“.

„Но, таков беше Пригожин, со неговото железно однесување и желба да го добие она што го сака овде и сега“, рече Кадиров.

Кадиров рече дека нема сомнеж дека дал голем придонес за војната во Украина.

„И таа заслуга не може да му се одземе. Неговата смрт е голема загуба за целата земја“, напиша Кадиров.

Граѓаните на Москва, му оддаваат почит на  Пригожин, кој загина во авионска несреќа во средата. Сите десет патници загинаа во авионска несреќа во северозападната руска област Твер. Има сомнежи дека Кремљ стои зад авионската несреќа во која загина Пригожин, но портпаролот Дмитриј Песков вели дека тоа е лага. Украина веќе соопшти дека тие немаат никаква врска со загинувањето на Пригожин. Пентагон вели дека се неточни тврдењата дека приватниот авион на Пригожин е соборен во близина на Москва со проектил земја-воздух.

Слично

Поврзани вести