Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кадиров откри какви битки се водат сега внатре во Русија

Кадиров откри какви битки се водат сега внатре во Русија

Според чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, никако не смее да има преговори помеѓу Русија и Украина. Кадиров oва го кажа пред жителите на Русија.

„Битките сега се во Русија. Никако не смее да има преговори. Ние мора да се бориме за главниот бранител и агитатор на таа идеологија“, изјави Кадиров.

Војната во Украина почна на крајот на февруари лани. Инаку, руските власти во повеќе наврати повторија дека се отворени за преговори.  Кадиров цело време се закануваше дека за кратко време може да ја среди Украина. 

Русија го контролира најголемиот дел од рударскиот град Соледар во источна Украина по неколкумесечни борби со украинските сили, објави британското Министерство за одбрана. Руските трупи и платеничката група Вагнер напредуваа во изминатите четири дена, се вели во соопштението.

Слично

Поврзани вести