Кадиров обвини дека Западот, ЕУ и НАТО со нови идеи ја нервираат Русија
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, вели дека Западот, ЕУ и НАТО со нови идеи ја нервираат Русија и жртвуваат Украинци. Toj понуди Западот да ги покаже последиците од контаминацијата со ураниум на нејзина територија, коментирајќи ја одлуката на Лондон да испрати муниција со осиромашен ураниум во Украина. Вели дека ќе биде тешко да се каже дека Лондон не се фали со тоа што планира да испрати муниција со осиромашен ураниум во Украина, како и дека во Русија има илјадапати помалку „такви будали“ кои не го разбираат својството на тешките метали.
Неодамна Кадиров понуди парична награда за украинскиот војник кој го запалил Куранот и се снимил. Самиот Кадиров уште лани тврдеше дека ако рускиот претседател Владимир Путин му дозволи, неговите борци за кратко ќе ја поразат Украина.
Се појавија информации дека групата Вагнер ќе ја напушти Украина. Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари.
Слично
