Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кадиров, неговите деца и трите сопруги се најдоа на црната листа на САД

Кадиров, неговите деца и трите сопруги се најдоа на црната листа на САД

Америка го стави на црната листа и Рамзан Кадиров, лидерот на Чеченија. 

Американското Министерство за финансии го стави Кадиров, неговите полнолетни ќерки, како и неговата сопруга и уште две жени, именувани како негови неофицијални сопруги, на списокот со санкции поради руската инвазија на Украина. 

Санкционирани се возрасните ќерки на Кадиров, Аишат, Карина и Табарик, неговата сопруга Медни, како и Фатима Хазујева и Аминат Ахмадова, кои неофицијално се нарекуваа втора и трета сопруга на Кадиров. Во списокот со санкции се најде и братучедот на Кадиров, министерот за имотни и земјишни односи на Чеченија, Турпал-Али Ибрагимов.

„Чеченските единици поврзани со Кадиров дејствуваа во Буча, каде руските војници извршија злосторства и уништуваа куќи. Кадиров регрутира [луѓе] за да учествуваат во руските воени операции преку клубови за мешани боречки вештини, што му овозможува на него и на неговите единици да ги продолжат своите активности во Украина“, се вели во соопштението на американското Министерство за финансии.

Украина го терети Кадиров за извршени воени злосторства. Но, не само тој, туку обвинение има и за други Чеченци. Инаку, Кадиров цело време се фали дека ако му дозволат брзо ќе ја заврши „специјалната операција“, како што Русија ја нарекува војната во Украина. 

foto Facebook.com

Слично

Поврзани вести