КАДИРОВ: Насочете ги сите сили кон безбедноста на Русија и нејзиното население
Насочете ги сите сили и ресурси на државата кон безбедноста на Русија и нејзиното население, вели чеченскиот лидер Рамазан Кадиров.
Кажа дека за време на воените операции, мора да се користат сите сили и средства.
„Сите државни средства мора да бидат насочени кон безбедноста на нашата земја и населението. Поради оваа причина, младите, државните службеници и бизнис-елитата – сите во нашата република се вклучени со цел да се обезбедат момците што се борат на територијата на специјалната воена операција“, рече Кадиров, пренесува „Спутник“.
Кадиров изјави дека чеченскиот министер за млади, Ахмат Кадиров, предал 10 автомобили и 10 квадрокоптери, кои ќе бидат испратени во зоната за специјални операции.
Руските сили го напаѓаат градот Харков. Руската инвазија на Украина почна пред две години и два месеци. Украина со дронови редовно напаѓа цели во Русија.
Слично
