Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кадиров ќе урива рекорди со своето владеење и нема да замине од функцијата

Кадиров ќе урива рекорди со своето владеење и нема да замине од функцијата

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се премисли и нема да се повлече од функцијата како што најави првично, туку рече дека ќе урива рекорди. 

Тој објасни неколку работи поврзани со неговата функција. 

„Ми кажаа дека 15 години сум на функција и дека меѓу шефовите во регионот, најдолго сум на власт. Мислам дека тоа е навистина многу. Подоцна дозна и дека не сум баш толку долговечен, претходниот рекорд е 27 години. Сега одлучив да го соборам тој рекорд“, вели Кадиров.

Рече дека има света должност да го води народот во Чеченија.  Кадиров вели дека може да си замине ако го праша народот и рускиот претседател Владимир Путин. 

За војната во Украина рече дека во Донбас се случува сатанизам, но ќе има добри вести, затоа што Русите заземаат територии. 

Инаку, Украина ќе го гони него и уште неколку Чеченци за воени злосторства.

Слично

Поврзани вести