Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кадиров им порача на мобилизираните ако немаат оружје да земаат од Украинците

Кадиров им порача на мобилизираните ако немаат оружје да земаат од Украинците

Не кукајте, борете се и земајте си оружје од Украинците, им порачува чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на мобилизираните војници. 

„Вие што се жалите, борете се и земете сѐ што ви треба од украинските вооружени сили“, рече Кадиров.

Некста објави видео на кое наводно се гледа куп оружје што зад себе го оставила руската армија. Медиумите претходно пишуваа дека регрутите се жалат дека немаат доволно оружје, но и залихи со храна. Инаку, Кадиров деновиве повика руските сили да ги срамнат со земја украинските градови. Русија мобилизираше близу 300.000 војници за војување во Украина. 

фото Твитер

Слично

Поврзани вести