КАДИРОВ ГО ОТКРИВА НАЈНОВИОТ ПЛАН НА РУСИЈА: Нови задачи во операцијата на Украина
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу постави нови задачи
како дел од специјалната операција во Украина, која ќе го забрза нејзиното
темпо, изјави денеска чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.
По вчерашната средба со Шојгу, тој на Телеграм напиша дека задачите што ги постави Шојгу вклучуваат подобрување на натамошната тактика.
– Преземените мерки ќе овозможат значително зголемување на ефикасноста на офанзивните маневри, што придонесува за спроведување на специјална операција со побрзо темпо – рече Кадиров, пренесува РИА Новости.
Во тек е 100-тиот ден од специјалната воена операција во Украина.
Продолжуваат судирите во Донбас, а руската војска тргнала кон Славјанска, битки се воделе и во Свјатогорск. Борбите продолжуваат во областа Авдеевка - едно од најсилните утврдувања на украинската армија, а вооружените сили на Украина се обидуваат да започнат контраофанзива во насока на регионот Херсон.
