Кадиров го моли Путин да му дозволи да ги заземат големите украински градови
Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров упати молба до рускиот претседател Владимир Путин да му даде наредба масовно да ги активира своите борци во Украина.
Тој тврди дека неговото решение е единственото што ќе ја спаси руската држава и нејзиниот народ.
Кадиров вели дека Путин треба да им даде зелено светло на чеченските трупи да ги заземат големите градови во Украина. Изјави дека неговите борци тоа можат да го направат брзо, прецизно и ефикасно.
„Ве молам да им дадете можност на нашите борци да се докажат максимално, да им дадете можност да ја искористат сета своја можна и невозможна сила за да го завршат ова еднаш засекогаш“, изјави Кадиров. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вели дека Путин ги разгледува сите опции кога станува збор за руската воена кампања во Украина. Се смета дека во Украина сега има 12.000 чеченски војници. Но, на социјалните мрежи се појави и видео со провокација за чеченските борци. Украински војник своите куршуми ги потопуваше во свинска маст, со цел чеченските борци да не „одат во рајот“.
