Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кадиров ги призна загубите: Чеченците учествуваат во џихад и ако им е судено да загинат, тоа е чест

Кадиров ги призна загубите: Чеченците учествуваат во џихад и ако им е судено да загинат, тоа е чест

Нашите загуби во Херсон беа големи, вели чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, за текот на војната во Украина. 

Тој вчера соопшти дека 23 негови војници се убиени, а уште 58 ранети во украински артилериски напад неделава.

„Да, нашите загуби во раните утрински часови на тој ден беа големи, но Чеченците учествуваат во џихад и ако им е судено да загинат во света војна, тоа е чест и голема радост за секој вистински муслиман“, наведува Кадиров. 

Тој тврди дека по тој напад, чеченските сили убиле околу 70 Украинци во одмазднички напад. Украина пак тврдеше дека само во еден ден загинале над 100 Чеченци во Херсон. Инаку, Кадиров на мобилизираните војници им порача дека ако немаат доволно оружје да земат од Украинците, наместо да се жалат. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести