Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кадиров ги нуди своите борци за мировници во Појасот Газа, Кина бара итен прекин на огнот

Кадиров ги нуди своите борци за мировници во Појасот Газа, Кина бара итен прекин на огнот

Веќе неколку дена има судири меѓу палестинското милитантно движење Хамас и израелската армија, а чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, најави подготвеност на неговите воени единици да станат дел од мировните сили во палестинско-израелскиот конфликт.

„Апелирам до меѓународната заедница барем еднаш едногласно да донесе правична одлука за ситуацијата во Палестина. Апелирам до лидерите на муслиманските земји: формирајте коалиција и поканете ги оние што ги нарекувате пријатели, Европа и целиот Запад за да не бомбардирате цивили под изговор дека истребувате милитанти“, напиша Кадиров на каналот „Телеграм“, пренесува „РИА новости“.

Тој повика на прекин на војната. Се јави и Кина со реакција. 

Кина повика на итен прекин на огнот и ги осуди „актите што им штетат на цивилите“.

„Кина е длабоко загрижена поради сегашната ескалација на тензиите и насилството меѓу палестинската и израелската страна и е тажна поради големиот број цивилни жртви предизвикани од конфликтот“, изјави Жаи Џун, специјален претставник на Кина за Блискиот Исток.

Судирите почнаа во саботата. Израел вети одмазда. Стотици ракети се истрелани од Газа кон израелскиот град Ашкелон. Претходно, портпаролот на Хамас издаде предупредување до жителите на јужниот израелски град Ашкелон да го напуштат градот пред 17 часот по локално време.

Слично

Поврзани вести