Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кадиров до Зеленски: Mислеше дека ти можеш, а другите не можат?

Кадиров до Зеленски: Mислеше дека ти можеш, а другите не можат?

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров му се заканува на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој во објава на Телеграм вели дека Зеленски е наивен. 

Кадиров вели дека сега е „сто отсто задоволен од специјалната воена операција“.

„Зеленски се жали поради нападите на Киев и други градови. А што ти, Зеленски, наивен еден, мислеше дека ти можеш, а другите не можат? Односно, осум години можеше да бомбардираш цивили, да уништуваш инфраструктура во градовите во Луганск и Доњецк, да гранатираш нуклеарна централа, да креваш во воздух мостови, да пукаш во важни објекти, а но кога ќе дојде кај вас, одеднаш тоа е невозможно? Зеленски, те предупредивме дека Русија уште не ни почнала и да престанеш да се жалиш. Подобро ти е да бегаш пред сè да те стигне. Трчај, Зеленски, трчај без свртување кон Западот“, напиша чеченскиот лидер.

Руските сили денеска  го погодија главниот град на Украина, Киев, но и други градови. Како што соопштија украинските власти, лансирани се 75 проектили врз Украина.  Има најмалку 10 загинати.  По четири месеци Русија го гранатираше Киев. 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги осуди, како што вели, „ужасните и неселективни“ ракетни напади на Русија врз цивилни мети во Украина.

Од Европската Комисија изјавија дека руските бомбардирања врз Киев и други украински градови се сметаат за ескалација, јави дописничката на МИА од Брисел.

Белорусија нуди поддршка на Русија цело време, а расте тензијата за нивно вмешување во војната. 

За потсетување, војната почна на 24 февруари годинава. 

Слично

Поврзани вести