Кадиров до Израел: Немојте да ги поттикнувате муслиманите ширум светот да се одмаздат
Претседателот на Чеченија, Рамазан Кадиров се заканува на Израел.
Тој го повика Израел да ја запре ескалацијата на конфликтот со Палестина и да размисли двапати пред да ги испровоцира муслиманите ширум светот да се одмаздат.
„Ако израелскиот режим мисли дека Палестина е сама и дека можат да прават што сакаат со неа, тие се во сериозна грешка. Не ги провоцирајте луѓето. Немојте да се потсмевате и да ги поттикнувате муслиманите ширум светот да се одмаздат. Тоа ќе ве чини илјада пати повеќе од потенцијалната добивка на која се надевавте. Размислете пред да направите една од најголемите и најфатални грешки во вашата историја“, додаде Кадиров, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.
Вели дека Израел си дозволува премногу и „се заканува да избрише цел народ од мапата“. Претходно, чеченскиот лидер му реагираше на Западот за двојни стандарди во арапско-израелскиот конфликт.
Тој смета дека ситуацијата на Блискиот Исток би била поинаква доколку другите шефови на држави, по примерот на рускиот претседател Владимир Путин, ја почитуваат религијата и ја штитат од напади. Тој верува дека тогаш конфликтот би бил избегнат. Кадиров претходно се понуди да испрати чеченски борци како мировници во Појасот Газа.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не мисли дека конфликтот меѓу Израел и Хамас ќе ескалира во поширока војна. Египет отфрла каков било обид да се реши палестинското прашање воено или преку принудно раселување на Палестинците од нивната земја.
Десетици луѓе беа повредени за време на антиизраелските протести во Истанбул по експлозијата во болницата „Ал Ахли“ во Газа.Веќе имаше два терористички напади во Европа, во француски град и во Брисел. Европа стравува од повторно враќање на исламскиот тероризам.
