Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кадиров до Илон Маск: Предлагам да тренирате во неколку центри во Чеченија

Кадиров до Илон Маск: Предлагам да тренирате во неколку центри во Чеченија

Претседателот на Чеченската Република, Рамзан Кадиров, одговори на повикот на бизнисменот Илон Маск, кој пред неколку дена го предизвика претседателот на Русија, Владимир Путин на дуел.

Тој го повика Маск да не си ја мери силата со Путин. Кадиров го советуваше Маск дека мора пред сè да поработи на физичката кондиција пред дуелот со Путин.

„Морате да ги зајакнете мускулите за да се трансформирате од нежен Илон во бруален Илон. Предлагам да тренирате во неколку центри во Чеченија“, советува Кадиров.

На крајот, лидерот на Чеченија сподели со Маск неколку локации во Чеченија каде може да се подготви за дуелот со Путин.

„Универзитет на руски специјални сили - каде што ќе поминете низ обука за огнено оружје со светски шампиони кои лесно ги победија американските специјални сили во 2015 година. Другата локација е Боречкиот клуб Ахмат - тука ќе тренирате како да примите удар. Под водство на Абузајед Висмурадов, ќе научите како брзо да се 'кренете', не само физички, туку и психички“, вели Кадиров.

Како трето место каде што можеше да се тренира за дуелот со Путин, Кадиров ја спомена чеченската републиканска телевизија „Грозни“.

„Во оваа институција ќе те научат американски методи за „црн ПР“ и ќе те научат како да ги следиш и ажурираш профилите на социјалните мрежи. На крајот на краиштата, ќе се вратиш од Чеченија како сосема друга личност, Илон, ти ќе бидеш Илонa“, заклучи Кадиров.

Интересно, на повиците на Рамзан Кадиров реагираше Илон Маск со тоа што на Twitter го смени името во Илонa и испрати кратка порака до чеченскиот претседател.

„Ви благодарам за понудата, но толку одличен тренинг би ми дал преголема предност. Доколку се плаши од борба, ќе се согласам да ја користам само левата рака, а не сум левак“, изјави Маск.

Откако Русија ја почна војната во Украина, Кадиров вели дека неговите борци можат да помогнат во поразувањето на Украина. 

Слично

Поврзани вести