Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кадиров: Денес со помош на Семоќниот ќе завршиме со бандеровците во Мариупол

Кадиров: Денес со помош на Семоќниот ќе завршиме со бандеровците во Мариупол

До крајот на денот „Азовстал“ ќе биде во наши раце, се закани чеченскиот лидер Рамзан Кадиров. 

Тој вели дека украинските борци кои уште се борат во градот Мариупол ќе бидат „докрајчени“ до крајот на денот.

„На радост на сите оние кои чекаат мир и стабилност во Украина, денес, со помош на Семоќниот, ќе завршиме со бандеровците во Мариупол и целосно ќе го заземеме ‘Азовстал’“, објави Кадиров на „Телеграм“.

Засега нема информации дека украинските војници ја прифатиле руската понуда да се предадат. 

Кадиров вчера се закани и на украинскиот претседател Володимир Зеленски, и кажа дека ќе завршат наскоро со него. Русија на 24 февруари ја почна инвазијата на Украина, но освен градовите во источна Украина, напади има и во градови во западниот дел на државата. 

Слично

Поврзани вести