Кадиров бара дозвола од Путин побрзо да ја завршат војната во Украина
Дајте ни можност да ја завршиме специјалната операција во Украина, бара чеченскиот лидер Рамзан Кадиров од рускиот претседател Владимир Путин.
Тој вели дека операцијата треба да се заврши без одлагање.
„Ако 15 проценти од светската заедница е против нас, тоа не значи дека целиот свет е против нас. Можеме брзо да ги смириме тие 15 проценти, нема апсолутно никаков проблем“, рече Кадиров.
Украина го товари Кадиров за извршени воени злосторства заедно со уште неколку други Чеченци.
Украинската служба за безбедност вчера објави дека „собрала недвосмислени докази за воени злосторства“ на Кадиров, како и на Даниил Мартинов и Хусеин Межидов. Како што е наведено, во февруари и март Кадиров „го надгледувал развојот и планирањето на одредени воени операции на единиците и давал наредби“. Војната почна на 24 февруари.
