Каде „заглавија“ руските танкери со нафта?
Турција не ги пропушта руските танкери. Русите мораат или да чекаат или да пуштаат танкери кои ќе пробаат да ги заобиколат Босфор и Дарданели, таканаречена „флота во сенка“.
Во Босфорот се трупаат цистерни со руска нафта, а Турците не планираат да ги пуштат. Проблемот е во ембаргото за нафта кое Европската Унија(ЕУ) го стави во сила во понеделникот со кое ја ограничи цената на 60 долари за барел, објави Фајненшл Тајмс.
90 отсто од светскиот превоз е покриен со осигурување издадено во Европа. Без осигурување руските бродови нема да можат слободно да пловат низ светот, т.е. само оние бродови што носат нафта која ќе се продава по 60 долари за барел или пониска ќе можат да добијат целосно осигурување.
Турските власти не се грижат за ова затоа што не планираат да пуштат ниту еден неосигурен брод. Анкара знае дека во случај на катастрофа, излевање на нафта или каква било друга несреќа, таа би морала да ја поправи целата штета што може да ја направи неосигурен брод.Некои економисти веалт дека барел од 60 долари воопшто не влијае на Русите. Украина смета дека требаше да има посилен удар на цената на нафтата. Целта е Русија да ослабне и да нема со што да ја финансира војната во Украина која почна на 24 февруари. ЕУ за Русија воведе повеќе серии на санкции. Русија пак уценуваше со енергенсите.
фото Твитер принтскрин
