Каде „заглавија“ преговорите меѓу Русија и Украина?
Преговорите со Русија се исклучително тешки, вели украинскиот преговарач Михајло Подољак.
Тој изрази жалење „што руската страна останува на својата традиционална тактика на јавен притисок врз преговарачкиот процес, особено преку одредени изјави“.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска го обвини Киев дека отстапил од договорите постигнати во Истанбул, наведувајќи дека Русија ќе ја продолжи „воената операција“ во Украина додека не ги реализира поставените задачи.
Путин рече дека украинската страна наметнува многу строги безбедносни гаранции за себе, да не се прошират на територијата на Крим, Севастопол и Донбас. Рускиот претседател кажа дека преговорите се во ќор - сокак.
Слично
