Каде во светот атентатите убиваат најмногу луѓе?
Првите места во крвавата статистика се определени за Ирак, Авганистан, Пакистан, Нигерија и Сирија, а само 20% од нападите се во Европа.
„Што да кажеме за другите земји кои исто така страдаат од тероризам? Дали светот не се врти околу Европа?“. Со ова прашање на Твитер млада девојка потсети дека смртните случаи во светот како резултат на масовни убиства, експлозии и напади се многу повеќе. Доста од нив сепак остануваат незабележани за медиумите.
Во одговор на прашањето „Индипендент" објави податоци од извештај со што станува јасно дека над 80% од жртвите при различни напади не се во Европа. Челното место е за Ирак, каде загинале една третина од сите жртви. Во сите овие држави преовладува муслиманското население, а за повеќето од нападите презеле одговорност двете најголеми терористички организации во Исламска држава и Боко Харам.
Слично
