Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде Швајцарија го чува своето злато?

Каде Швајцарија го чува своето злато?
Швајцарската национална банка прв пат открива каде го крие своето 1.040 тони злато, при што скоро третина се наоѓа во странство -Велика Британија и Канада. Претеседателот на швајцарската централна банка Томас Јордан на годишен состанок на акционерите изјавил дека 70 отсто од златните резерви на банката се чува во Швајцарија, а 20 отсто во Банките на Англија и 10 отсто во Канада. Тој не се согласува со мислењата дека Швајцарија треба да си го врати тоа злато во земјата, да ги повлече своите резерви. Сепак поради промените на финасискиот пазар во последните неколку години, одредени европски земји стравуваат за безбедноста на своите златни резерви. Швајцарската влада пред една недела соопшти дека нациналистичката Швајцарска народна партија собрала доволно потписи за референдум на кој треба да се гласа околу забраната централната банка да ги продаде златните резерви или да ги чува во странство.
Слично

Поврзани вести