Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде се насочени пазарите на нафта и злато?

Каде се насочени пазарите на нафта и злато?
Цените на суровините опаднаа до најниско ниво од почетокот на финансиската кризa, пишува „Financial Times“. Иако секторот на природните ресурси е засегнат од стравувањата за кинескиот раст, секоја суровина си има своја динамика на пазарот. Еве еден брз преглед на она што се случува со нафтата и златото. 3 Зголемените знаци дека презаситеноста со нафта продолжува, ги растераа трговците и инвеститорите. Вистинскиот страв сепак е предизвикан од Кина. Земјата беше со поголем придонес за растот на побарувачката за нафта од било кој друг во изминатата деценија, па секое забавување на кинеската економија може да биде лоша вест за потрошувачката на нафта. „Индустријата со Шкрилци “ во САД исто така е поотпорна од очекуваното, како и производството од земјите надвор од „ОПЕК“. Во исто време членовите на картелот, како Саудиска Арабија и Ирак, испумпуваат нафта во близина на рекордни нивоа. Аналитичарите од „BMI Research“ посочуваат дека остриот пораст на влоговите на хеџ фондовите против цената на нафтата додала значителено опаѓачки притисок како врз американската нафта, така и врз типот „Brent“ во последниве недели. Според нив, падот на нафтата, кој започна во јуни 2014 година, ќе продолжи. Иако побарувачката се зголеми од почетокот на годината, тоа засега не успева да ги пречека дополнителните испораки. Аналитичарите веруваат дека вишокот во втората половина на оваа година ќе биде цели 2 милиони барели на ден. „Со макроекономската слика која се влошува во последните недели, пазарот не може да се потпре на подобрувањата на побарувачката за да се ребалансира“, сметаат аналитичарите од „Energy Aspects“ консултантска компанија со седиште во Лондон . „Потребен е суштински одговор од секој производител, за да го одбележат растот на цените“, додаваат тие. 4 Златото се фаворизира овој месец од зголемените очекувања дека Банката на федерални резерви на САД ќе се воздржи од зголемување на каматните стапки следниот месец. Жолтиот метал поскапе за 6% од почетокот на месецот, поддржан и од падот кај акциите што ги насочија инвеститорите кои бараат азил за парите, за златото. Скапоцениот метал сепак го претрпе познатиот притисок во понеделникот, со што некои инвеститори зазедоа остри позиции во златото „Независно од тоа златото не беше во можност да добие дополнителна поддршка покрај големото намалување на ризик апетит и значително слаб американски долар“, посочуваат аналитичарите. Според аналитичарите купувачите се претежно на Запад и во САД, а не во традиционалните центри на побарувачката како Индија и Кина. Тоа значи дека цените веројатно се силно зависни од американскиот долар и знаците кои доаѓаат од „ФЕД“.
Слично

Поврзани вести