Економија, финансии, бизнис

Контакт

КАДЕ СЕ НАЈСКАПИТЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА ВО СВЕТОТ? Тие се ремек дело на златарската уметност

КАДЕ СЕ НАЈСКАПИТЕ ВЕЛИГДЕНСКИ ЈАЈЦА ВО СВЕТОТ? Тие се ремек дело на златарската уметност

Јајцата Фаберже се велигденски јајца кои рускиот златар Петар Карл Фаберже ги правел за руските цареви од динстијата Романов во периодот од 1885 до 1917 година. Денес јајцата се наоѓаат во девет музеи низ светот.

Зачувани се 43 јајца, а повеќе од една четвртина (10 од нив) може да се најдат во Музејот во Кремљ.

Јајца Фаберже купи и британското кралско семејство. Во Музејот на уметноста во Кливленд има едно јајце. Музејот за ликовни уметности во Вирџинија има своја колекција јајца, која ја донирала Лилиан Томас Прат во 1947 година заедно со неколку стотици други руски уметнички дела.

Како настанале овие јајца?

Рускиот император Александар III сакал да направи специјално велигденско јајце за својата сопруга Марија Фјодоровна кај познатиот руски златар Фаберже уште во 1885 година.

По смртта на Александар III, неговиот наследник Николај Втори продолжил секоја година да нарачува по две јајца од скапоцени камења од оваа позната златарница - едното за неговата мајка Марија, а другото за неговата сопруга Александра, а неколку биле направени за други богати семејства како на пр. банкарите Ротшилд.

Овие нежни орнаменти на Питер Карл Фаберже денес се сметаат за ремек-дело на златарска уметност, а педесет од нив се направени во периодот од 1885 до 1917 година. Само не се правеле во 1904 и 1905 година за време на руско-јапонската војна.

ФОТО: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Слично

Поврзани вести