КАДЕ СЕ КРИЕ ТАЛИБАНСКИОТ ЛИДЕР? Не се појавува јавно, а само два збора од неговиот портпарол сеат невиден страв
Од преземањето на
власта во Авганистан на 15 -ти Авганистан, неколку талибански лидери се
појавија во јавноста во Кабул. Меѓутоа, еден од нив се уште се крие-нивниот
главен командант, Хаибатулах Акунџад.
Овој човек е специјализиран за правни и верски прашања, и излезе од анонимност во мај 2016 година, за да го преземе раководството на исламистичкото движење, кое беше погодено од внатрешни превирања во тоа време.
Тој беше назначен за лидер само неколку дена по смртта на неговиот претходник Мансур, кој беше убиен во напад со беспилотно летало во Пакистан. Тој не крие дека неговата главна цел е повторно обединување на Талибанците.
Како син на теолог, роден во Кандахар, лулка на Талибанците во јужен Авганистан, овој образован човек имал големо влијание врз Талибанците порано - тој го водел нивниот судски систем.
Она што е помалку познато е секојдневната улога на Хаибатулах Акунџад, чија комуникација со другите е сведена на ретки пораки за време на исламските празници. Затоа, некои сметаат дека неговата улога е повеќе симболична отколку оперативна.
Талибанците објавија вкупно само една негова фотографија. Тој не се појавува во јавноста и не се знае каде се наоѓа.
Од кога ја преземаа власта пред две недели, 20 години откако беа отстранети од власта од коалицијата предводена од САД, Талибанците молчат за неговите активности и неодамнешните патувања. Единствената изјава ја даде портпаролот на Хаибатулах Акунџад.
„Ќе видите наскоро“, изјави неговиот портпарол Забихула Муџахид оваа недела пред новинарите, пренесува порталот France24.com.
Талибанците се навикнати секој од своите шефови да го чуваат во тајност. Основачот, Мула Омар водеше живот на пустиник и ретко одеше во Кабул дури и кога движењето беше на власт, во 1990 -тите. Сепак, неговиот збор беше закон и никој од неговите наследници не доживеа толку почит во движењето.
