Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде се крие Едвард Сноуден?

Каде се крие Едвард Сноуден?
Американецот Едвард Сноуден, кој ги откри деталите за тајното надгледување и прислушување на телефоните и на интернет мрежата од страна на американските безбедносни служби, исчезна од хотелот во Хонг Конг, каде престојуваше по бегството од САД. Претставник на хотелот само изјави дека тој ги зел со себе сите свои лични работи и се одјавил. Овој претставник не можеше да каже каде Сноуден би можел да замине, но се верува дека тој се‘ уште се крие на територијата на Хонг Конг. Бирото на директори на државното разузнавање на САД соопшти дека целиот случај е пријавен кај американското министерство за правда како „криминал“. Лондонски „Тајмс“ претходно објави дека „претставник на хонгконшките власти го советувал Американецот да го напушти Хонг Конг“. Поради деликатноста на ситуацијата, тој заминал за Хонг Конг уште на 20 мај оваа година, но Хонг Конг има договор за екстрадиција со САД, а Пекинг може да блокира екстрадација само ако смета дека тоа е поврзано со националната безбедност или има проблеми од надворешнополитички карактер. Сноуден изјави дека на јавноста и се должи објаснување, дека мотивите на луѓето кои стојат зад ова работа се надвор од секаков демократски модел. Кога моќта на владата излегува од рамките тоа е опасно за демократијата. Исто така Сноуден во видео интервјуто објавено за интернет изданието на „Гардијан“ додава дека не се вистинити наводите дека програмите биле безбедни. Тој потенцираше дека на секој аналитичар во секое време може да има за цел некого., па дури и претседатлот, доколку ја имал неговата лична меил адреса. Во видео интервјуто Сноуден вели дека тој се надева дека ќе може да обезбеди азил во Исланд, бидејќи таму има слобода на интернетот. Американски официјални претставници сметаат дека овие откривања се опасни и неодговорни. Членот на Комитетот за домашно разузнавање Питер Кинг побара Сноуден веднаш да биде екстрадиран од Хонг Конг. Претходно американскиот претседател Барак Обама ги бранаше контратерористичките методи, наведувајќи дека американците ќе треба да изберат и да балансираат меѓу приватноста и безбедноста. Според Обама, таквите програми биле строго контролирани и авторизирани од Конгресот. Откако Сноуден призна, американското министерство за правда соопшти дека овој случај е во почетна фаза на истрагата за кривично дело, неовластено објавување тајни информации. „Гардијан“ објави дека Сноуден работел за Националната безбедносна агенција четири години и тоа по договор за надворешни компании како „Буз Хамилтон“ и „Дел“. Тој сам посакал да му биде откриен идентитетот како извор на информацијата за тајните програми на обвинителството за следење на телефони и интернет комуникации преку директен пристап до серверите на девет од најголемите интернет компании како Гугл, Фејсбук, Скајп и Јутјуб. Но, лидерите на компаниите негираа вакво нешто и истакнуваат дека не дале пристап на американската Влада  кон нивните сервери.    
Слично

Поврзани вести