Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде напредуваат Украинците, а каде нападнаа Русите?

Каде напредуваат Украинците, а каде нападнаа Русите?

Во околината на Херсон, Украинците вратија под своја контрола повеќе населби. Украинските сили напредуваат во регионите кои Русија деновиве ги анектираше. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање изјави дека населбите Нововоскресенске, Новохрихоривка и Петропавливка североисточно од градот Херсон се „ослободени“. 

Олександр Старух, украинскиот гувернер на Запорожје, денеска изјави дека во гранатирањето на руските сили загинале најмалку две лица ноќеска, оштетени или уништени се неколку станбени згради и предизвикани се пожари. Во источниот регион Луганск, кој е скоро целосно под руска контрола од почетокот на неиспровоцираната инвазија на Москва во февруари, Украина забележа победи над руските сили. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари. 

Русите објавија дека кај Херсон има уништени македонски тенкови кои нашата земја ги донираше за Украина. 

фото Ројтерс

Слично

Поврзани вести