Каде ќе се уништува сириското хемиско оружје?
Од уништувањето на сириското хемиско оружје некој ќе профитира. Вкупно 14 компании дале понуди да ги уништат хемикалиите, објави Организацијата за забрана на хемиските оружја (ОЗХО).
Фирмите потекнуваат од различни земји, вклучувајќи ги и САД, Велика Британија, Русија, Кина и Саудиска Арабија. Тие дале понуди за уништувањето на 500 тони хемикалии и отпадоци, добиени како нус појава од уништувањето на други хемикалии.
Хемикалиите, изнесени од Сирија како дел од меѓународната операција за укинување на сириската програма за хемиски оружја, можат безбедно да се уништат во цивилни фабрики. Наддавањето за извршител на постапката беше отворено денеска.
Понудите прво ќе добијат „комерцијална и техничка“ оценка, пред да се објават имињата на фирмите што ќе го изведат уништувањето.
Слично
