Каде ќе патуваат Европјаните летово?
Повеќе од 80 oтсто од Европејците планираат да патуваат од јуни до ноември оваа година, што е малку повеќе од минатата година, а патувањето е сè уште приоритет и покрај економските, геополитичките и климатските притисоци. Ова го објави Европската комисија за патувања (ETC) во новиот извештај за трендовите во патувањата.
Врз основа на безбедноста и односот цена-квалитет ги прават изборите за одмор за следните 6 месеци, како и прифатливоста на климата.
Намера за патување има кај речиси сите возрасни групи, а најмногу кај патниците на возраст од 45 до 54 години.
Извештајот покажува и дека Европејците сè уште преферираат патувања во Европа, речиси две третини од нив, а повеќе од половина или 55 отсто имаат намера да одат на два или повеќе одмори во следните шест месеци.
Омилен регион за одмор на Европејците е сè уште јужна и медитеранска Европа. Тој регион го претпочитаат повеќе од 60 отсто Европејци, што е зголемување од 4 процентни поени во споредба со минатата година. Шпанија, Италија, Франција и Грција се најбараните дестинации, како и други дестинации покрај морето и со богата културна понуда.
И додека побарувачката на Европејците за одмори во главните туристички дестинации бележи раст од 48 отсто, побарувачката за неоткриени дестинации забележа пораст од 52 отсто.
