Каде ќе отидат парите од Нобеловата награда за мир на Сантос?
Колумбискиот претседател, Хуан Мануел Сантос ќе донира 925.000 долари од Нобеловата награда за мир за жртвите од над пеесет годишниот конфликт во неговата земја.
Сантос ја доби наградата за неговиот придонес во преговорите за мировен договор со Револуционерните вооружени сили на Колумбија, познати како ФАРК. Од почетокот на конфликтот досега загинаа над 250.000 луѓе додека 45.000 се водат како исчезнати. Одлуката за овој гест ја донел заедно со семејството.
„Синоќа разговарав со моето семејство и заедно одлучивме, сите пари да ги дадеме за жртвите“- рече Сантос.
Неговата изјава беше дадена во градот Бојаре, во северозападниот регион Чоко, каде Сантос присуствуваше на една религизона церемонија, посветена за луѓето погодени од повеќедеценискиот конфликт.
Нобеловиот комитет објави во петокот, дека годинешнава награда за мир му се доделува нему за неговата решителност и одлучност за
ставање крај на конфликтот во Колумбија.
Сантос е поранешен министер за одбрана, а за претседател на Колумбија, првпат беше избран во 2010
година. Во 2014 година повторно беше избран за претседател.
