Каде ќе се преселат банките од Лондон?
Се поизвесно е дека Лондон веќе нема да биде финансиски центар, пишува Biznis insajder.
Се очекува конкурентите на Дојче банк да го зајакнат работењето надвор од Лондон, и тоа во Ирска, Франција, Германија и Луксембург, односно таму каде што банкарските гиганти веќе имаат филијали.
Се наведува дека Barkliz и Banka Amerikа, Meril linč, може да се преселат во Даблин. Goldman Saks има филијали во Париз и Франкфурт и ќе настојува по излегувањето на Британија од ЕУ да го задржи европскиот пазар. JP Morgan може да се пресели во Луксембург.
Дојче банк може да се врати во Германија исто како што BNP Paribas се врати во Франција.
Според прописите на ЕУ засега европските банки можат да имаат филијали во Велика Британија.
Брегзит го доведе во прашање и задржувањето на клиентите.
По излегувањето на Британија од ЕУ, Лондон ќе ја изгуби титулата светски финансиски центар која ја има 1000 години.
