Економија, финансии, бизнис

Контакт

Каде исчезна Дмитриј Песков?

Каде исчезна Дмитриј Песков?

Веќе три седмици го нема во јавност портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. 

Го нема по неговата изјава за тоа како претседателските избори во Русија „не се навистина демократија“. Тогаш тој предвиде дека рускиот претседател Владимир Путин на изборите следната година ќе има над 90 отсто од гласовите.

„Нашите претседателски избори не се вистинска демократија, тоа се скапа бирократија“, изјави Песков за „Њујорк Тајмс“ во написот објавен на 6 август.

Се очекува Путин наскоро да ја објави својата кандидатура, што би бил негов шести мандат. Промените на Уставот што се направени пред војната во Украина му овозможуваат на Путин да остане на власт до 2036 година. Изборите во Русија треба да се одржат на 17 март 2024 година. 

Руските и украинските Телеграмски канали укажаа дека Песков нема одржано брифинзи со новинарите ниту коментираше за медиумите од неговата изјава, пишува Newsweek.

Неговиот последен брифинг беше на 4 август, два дена пред неговите коментари да бидат објавени од „Тајмс“.

Инаку, генералот Сергеј Суровикин, поранешниот водач на воената кампања на Москва во Украина, е разрешен од функцијата шеф на руските воздушни сили, објавија во средата државните медиуми, повикувајќи се на неименувани извори.

Слично

Поврзани вести