КАДЕ И ДА СЕ СВРТИТЕ ИМА ЖРТВИ: Дали трагедијата во Либија можеше да биде избегната?
Несреќата во Либија можеше да се избегне.
Шефот на Светската метеоролошка организација на Обединетите Нации, Петри Таалас, рече дека големиот број жртви во разорните поплави во Либија можеле да се избегнат. Кажа дека земјата можела да издаде предупредувања.
„Силите за управување со вонредни состојби ќе можеа да ја извршат евакуацијата и на тој начин можевме да ги избегнеме повеќето човечки жртви“, рече тој, а пренесе АФП.
Либија има две ривалски влади, што го отежнува брзиот и координиран одговор на катастрофи. Над 5.300 луѓе загинаа откако пукна брана што доведе до големи поплави во источниот град Дерна.
Градоначалникот Абдулменам ел Гаити изјави дека бројот може да достигне и до 20.000.
„Се проценува дека бројот на загинати во градот може да достигне меѓу 18 000 и 20 000, врз основа на бројот на згради во областите уништени од поплавите“, изјави Гаити за телевизијата Саудиска Ал Арабија.
Повеќе од 10.000 луѓе исчезнаа, а десетици илјади беа раселени по поплавите.Хишем Абу Шкијуат, министер во источнолибиската влада, кажа дека тела има насекаде.
„Каде и да се свртите, ќе видите мртви мажи, жени и деца. Изгубени се цели семејства. Се слушаат и повици за помош од урнатините“, рече тој.
Бурата Даниел прво ја погоди Грција, а потоа Појасот Газа.
фото гети
