Економија, финансии, бизнис

Контакт

Kaде е Сергеј Шојгу?

Kaде е Сергеј Шојгу?

Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу го снема во јавност во последно време. 

На видео-конференцијата на рускиот Совет за безбедност, каде претседателот Владимир Путин изјави дека ќе воведе воена состојба во четирите региони на Украина, на екранот министерот за одбрана Сергеј Шојгу не беше достапен. Кремљ соопшти дека Шојгу бил присутен. 

Шојгу не можеше да се види на состанокот, а во исто време расте критиката против него поради низата успешни украински контраофанзиви во обид да си ја врати територијата, пишува Newsweek.

Кирил Стремусов, прорускиот лидер на окупираниот Херсон назначен од Кремљ, на 6 октомври рече дека „неспособните воени лидери“ се виновни за повлекувањето на трупите на Путин во регионот. Стремусов тврдеше дека многумина рекле дека Шојгу,  треба да биде стрелан затоа што потфрлил. Тој ги критикуваше воените лица кои ја раководат војната.  Во 2012 година, Путин го избра Шојгу за министер за одбрана, и покрај тоа што немаше воено или борбено искуство. Шојгу ја надгледуваше руската анексија на Крим во 2014 година. Инаку, со контраофанзивата Украина врати дел од окупираните територии, а сега се фокусира на Херсон. Руската инвазија на Украина трае скоро 7 месеци. 

Слично

Поврзани вести