Каде е најевтино да се студира?
Во некои европски земји образованието чини евтино или е бесплатно.
Од 2014 година студентите кои се школуваат во Германија, се на сметка на државата без разлика од каде доаѓаат. Но, наскоро тоа ќе се промени и студентите кои доаѓаат надвор од Европската унија ќе мораат да плаќаат школарина од 1.500 евра во некои од универзитетите од југозападниот дел на земјата.За школување во Австрија, ако сте жител на ЕУ, потребно ви е да издвоите 360 евра по година, но ако доаѓате од земја која не е членка на ЕУ за школување ќе плаќате по 730 евра по година.
Во Франција не е бесплатно образованието во сите области, но постојат факултети каде школарината по година е само 180 евра.
Во Скандинавија(Норвешка, Данска, Шведска и Финска) обично бараат течно говорење на домашниот јазик и тоа е единствениот услов за бесплатно школување. Но, и таму се менуваат правилата од есен 2017 година, како во Германија. Школарината, исто така, ќе изнесува 1.500 евра по година.
Во Чешка, за оние кои говорат чешки јазик, студирањето е потполно бесплатно, додека оние кои сакаат да студираат на англиски јазик, годишната школарина изнесува 4.000 евра.
Во Грција, исто така е бесплатно школувањето за сите оние кои говорат грчки јазик, додека меѓународните студенти плаќаат школарина во износ од 1.500 евра.
И во други делови на светот постојат држави каде поголемиот дел од студиите го покриваат или бараат минимален паричен надоместок по година, како што се Аргентина, Индија и Тајван.
