Каде е најдобро да го гледате вечерашниот дожд од метеори?
Овогодишниот вселенски спектакл на дожд од метеори нема да сакате да го пропуштите бидејќи е најавен како еден од најубавите во последните неколку години.
Секој август дождот Персеид маѓепсува со својата убавина, а оваа година ќе биде посебно убав. НАСА најави дека би можело да се видат многу повеќе метеори отколку обично, и до 100 на час.
Но, кои места се најдобри за гледање на оваа појава?
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/fCVu3hbcj3I[/embed]„Најдобро е да отидете некаде 30 минути од градот каде што нема толку светлина“, вели Мај Ханкеј од Американското друштво на метеори. Градските светла ја намалуваат видливоста на сите светлечки објкекти па така и на метеорите.
„Уште еден тирк со кој може да процените дали сте на добро место за гледање метеори е да погледнете во ѕвездите. Ако се гледаат тие, ќе се видат и метеори“, вели Ханкеј.
Некои експерти велат дека е најдобро да отидете на подалечна зелена површина како национален парк.
Иако градот е најлошо место за набљудување на овој феномен можно е понекои метеори јасно да се покажат и на небото над градот бидејќи постојат некои многу светли метеори кои се пробиваат низ градската светлина.
Врвот е вечерва, во ноќта помеѓу 12 и 13 август. Според мислење на експерти најдобро време за набљудување е пред зора. Кога окото ви се навикне на темнината на небото, нема да ви треба никаква специјална опрема. Само тргнете се од големите вештачки извори на светлина, бидејќи окото потешко ќе ви се прилагоди. Што подалеку од градот, толку подобро.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/08/12/vecher-ke-paga-meteorski-dozhd/" target="blank" ] Вечер ќе паѓа метеорски дожд[/button]