Каде е гордоста на Бразил? Kога судијата пресуди пенал Твитер експлодира!
Првиот натпревар од Светското првенство во Бразил, помеѓу домаќинот и Хрватска, не помина добро за судиите кои на социјалните мрежи буквално беа осудени после досудувањето на казнениот удар против Хрватска.
Hashtag #BrazilPenalty скокна на првото место над сите теми. „Зошто воопшто да се играат другите натпревари? Каде е гордоста на Бразил, како можат вака да ја добијат утакмицата“, беа само некои од коментарите.
Откако почна утакмицата бразил си даде автогол и ги фрли хрватските навивачи во транс. Но веселбата не траше долго, Бразил набрзо изедначи, а во второто полувреме после прекршокот на Ведран Чорлука судијата пресуди еднаесетерeц, со што Бразил поведе. Концентрацијата на „Ватрените“ падна, и покрај одличната игра, Бразилците во 90-тата минута „забија“ трет гол.
Многумина резултатот 3-1 го коментираа како последица на лошото судење. Судиите беа водени од Јапонецот Yuichijem Nishimurom, кој на Чорлука му досуди жолт картон. Пеналот не беше единствениот лош потег.
Ви пренесуваме неколку коментари од Твитер упатени на судиите:







