КАДЕ ДА СЕ ПАТУВА: Форбс состави листа на безбедни дестинации по Ковид - 19
Три хрватски градови се најдоа на листата меѓу најбезбедните дестинации по коронавирусот.
Списанието Форбс пишува дека Европската организација за најдобра дестинација издвоила 20 европски места кои најмалку се погодени од коронавирусот.
На прво место е Тбилиси, главниот град на Грузија, а свое место на листата се најдоа и дестинациите како Крф, Азорските острови, Котор, Варшава, Виена, Бохињ и Малта го најдоа своето место на списокот.
На високото трето место е Цавтат, кој е опишан како омилена дестинација за славните личности, семејствата, љубителите на добра гастрономија, културата, природата и водните спортови. Загреб е на осмото место, а Ријека, е на дванаесеттото место на листата.
Словенија пак e избрана меѓу седум најперспективни дестинации во светот.
