Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кабелските оператори во САД се групираат во битка за освојување на публиката

Кабелските оператори во САД се групираат во битка за освојување на публиката
Американскиот телекомуникациски гигант AT&T понуди да ја купи американската сателитска телевизија DirectTV за сума од околу 40 милијарди долари. Тоа е одговор на спојувањето на две големи кабелски компании претходно годинава, пишува Wall Street Journal. Весникот пишува дека заедно овие две групи формирале компанија со околу 26 милиони телевизиски претплатници односно 20 милиони за DirecTV и околу 5,7 милиони за телевизискиот удел на AT&Т. Според изворите на весникот, DirectTV е отворен за постигнување договор со АТ&T кој е вреден околу 185 милијарди долари на берзата. AT&T со овој договор би добил платена телевизија на национално ниво. Новата групација би имала сличен број на претплатници како и другата кабловска групација. Comcast и Time Warner Cable -TWC, која ќе има 30 милиони претплатници кога ќе се финализира нивното спојување. Во февруари беше објавено дека Comcast, водечкиот американски провајдер на кабелски ТВ услуги, го купува Time Warner Cable –TWC за 45,2 милијарди долари со што се формира групацијата која ќе биде доминантна во создавање и дистрибуција на телевизиска забава во САД. Wall Street Journal наведува дека американските регулаторни тела мора да го испитаат евентуалното купување на DirectTV од страна на AT&T во однос на конкуренцијата, како што прават за сегашната трансакција на Comcast-TWC. К.К.
Слично

Поврзани вести